Одговорот на прашањето како да се украдат милијарда долари во три дена го знае 28 годишниот бизнисмен од Молдавија кој токму тој износ го подигнал од три банки.
Сиромашната екс советска република остана во шок откако се дознало дека од три банки во ноември минатата година исчезнале околу една милијарда долари што е еквивалент на 12% од молдавскиот БДП.
Истрагата дошла до заклучок дека зад сето тоа стои 28 годишниот молдавски бизнисмен Ilan Shor – еден од најбогатите луѓе во земјата чиј татко фамилијарното богатство го стекнал отворајќи ги првите duty-free продавници во таа земја.
Спрема истрагата Shor и неговите соработници во 2012 година ги купиле контролните пакети на акции во три банки и постепено ја зголемувале ликвидноста на тие банки по пат на комплексни трансакции со странски клиенти. Банките потоа давале мултимилионски заеми на компании во кои Shor бил мнозински сопственик или на компании со кои имал силни врски. На крајот во само три дена по пат на нови трансакции од трите банки повлекол најмалку 767 милиони долари, а молдавската централна банка верува дека износот се искачил и до една милијарда долари.
Повеќето од парите се веќе пренесени на off-shore сметки, пренесува CNN.
{loadposition content9}