Девојче од струшко, жртва на насилство
Пред две недели сексуално злоупотребено, а вчера физички малтретирано.
табла

Малолетно девојче од село Лабуништа по втор пат е жртва на насисилство. Истото покрај тоа што е сексуално злоупотребено е и физички малтретирано, ова го тврди Сенада Башкими, секретар и правник во ОУ Лабуништа, која случајот го пријави до надлежните. Според нејзините тврдења, девојчето пред две недели било силувано, а вчера претепано и тоа од сопствената мајка.
„Случајот во училиштето го пријавила соседка оти мајката ги тепала децата“-вели Сенада Башкими.
Таа поседува информација дека пред една недела малолетното девојче било сексуално нападнато и поради тоа не посетувало настава. На училиште им било кажано дека отсуствуваа од часови поради повреди здобиени при пад. Бешкими раскажува, кога девојчето дошло на училиште било по целото тело отечено и со модринки. Поради тоа, таа веднаш го пријавила случајот до Центарот за социјални работи, а од таму не интервенирале во истиот момент.
„Тие дури денес дојдоа, од вчера им се јавивме, од која причина не интервенираа веднаш не ни е познато“-додава Башкими.
Од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“ реагираат на негрижа и ненавремено превземање мерки од страна на Центарот за социјални работи од Струга. Спротивно на ова, од Центарот тврдат дека случајот го следат, од првиот момент.
„Ние веднаш излеговме на терен, ги сослушавме децата, мајката како и соседката. Така да се што кажува „Меѓаши“ и секретарката во училиштето е дезинформација“-вели Далими Мугни, директор на Центарот за соц работи во Струга.
Инаку, како што не информираше Сенада Башкими, освен малолетното девојче, и нејзиното брат ученик во ова училиште бил физички малтретиран. Инаку, мајката живее со 5 малолетни деца и насилно се однесува со нив, без никаква грижа и заштита.

{loadposition content9}