Skip to main content

Хан изрази длабока загриженост за ситуацијата во Македонија

Европската комисија повика на максимална воздржаност

 |  инфодеск  | 

 

Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан изрази длабока загриженост за случувањата во Куманово поради судирите на македонската полиција со терористиките групи и повика на максимална воздржаност од сите фактори и воспоставување мир.

„Длабоко сум загрижен за развојот на ситуацијата во подрачјето на Куманово и поради можноста од ранети и загинати. Ги повикувам властите, сите политички лидери и челниците на заедниците да соработуваат, да воспостават мир и во целост да спроведат истрага за овие настани на објективен и транспарентен начин во согласност со законите. Ги повикувам сите фактори на максимална воздржаност. Мора да биде избегната секоја натамошна ескалација, во крајна линија поради општата стабилност во земјата“, се вели во изјавата на Хан.

{loadposition content9}