Skip to main content

30 дена притвор за приведените во полициската акција во Куманово

Основниот суд Скопје 1 на сите 30 осомничени кои беа приведени во полициската акција во Куманово им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Основниот суд Скопје 1 на сите 30 осомничени кои беа приведени во полициската акција во Куманово им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

teroristПо спроведување на осмничените лица во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поеднично за секое лице, во присуство на адвокат и овластен преведувач кој бил повикан по нивно барање, судија на претходна постапка ги разгледа доказите и фактите приложени од Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција и оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на сите 30 осомничени им определни мерка притвор во траење од 30 дена. Станува збор за 18 лица, државјани на Косово, две лица државјани на Р.Македонија со привремен престој во Косово, 9 лица државјани на Р.Македонија и едно лице албнаски државјанин со престој во Германија. Повеќето од нив се произнеле дека во Р.Македонија се влезени по илегален пат.

Дваесет и три лица се теретат кривично заради основано сомнение дека сториле кривични дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Останатите 7 лица се теретат за основано сомнение за кривичните дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и здружување заради непријателска дејност.

{loadposition content9}