Во Лагадин спречено излевање на колекторска шахта во езерските води
Во Лагадин спречено излевање на колекторска шахта во езерските води.
Спречено понатамошно излевање на фекална вода од колекторска шахта во езерските води во Лагадин. По реакција од нашиот медиум, а на укажување од жители на Лагадин е поправен овој сериозен дефект.
Жителите од Лагадин потврдија дека шахтата е санирана и повеќе нема прелевање на фекалните води. Но, додаваат дека сега од отворите во бетонската шахта навлегува езерска вода која пак непотребно ја оптоварува пречистителната станица и се троши струја.
Неодамна лагадинци поднесоа петиција со која бараат наместо елитна плажа, надлежните да го решат проблемот со пречистителната станица во која напоменуваат дека колекторот не го поддржува растечкиот капацитет на градежни објекти и урбанистички интервенции на крајбрежјето. Наум Димитровски, и остантите жители од месната заедница Лагадин, укажуваа на шахтата која на 10 метри од брегот им правеше сериозен еколошки проблем.
„Жолта течност е веројатно се должи на тоа дали не работи добро колекторот или воопшто не работи колекторот. Од таа шахта се излева во едно деноноќие количина од околу 100-тина кубици фекална вода во езерото. И не е случај само со оваа шахта, поствени се на иста кота сите шахти и тоа е случај и со сите шахти. Може да замислите колква количина фекалии се излеваат во езерото меѓу Пештани и Охрид. Мислам дека е крајно време сите надлежни институции да се бават со вистинските проблеми, а не со шминкање,“ подвлекува Димиторовски.
Твм овој проблем на терен го регистрира на 5 мај по реакација на лагадинци. Уште тогаш побаравме одговор од надлежните служби што се случува со колекторскиот систем во оваа населба, но и во Даљан, од каде што исто така граѓани реагираат за сличен проблем. Одговор добивме дури денес во кој од локалната информираат дека во меѓувреме МЈП Проаква интервенирала и го поправиле дефектот на пумпната станица во Лагадин. Но, понатака критични точки со прелевање на шахтите остануваат во Подмоље и во близна на хотел Магнус, додава Џамтоски.
„Што се однесува до прелевната шахта во Магнус позната е состојбата. Од МЈп Проаква посочуваат дека при зголемен водостој се провлекува тој проблем и има прелевање на шахтите затоа што капацитетот се надминува и се интервенира со дел од екипите во пренасочување на надојдената вода, но нема дефеинитивно решение“, укажува Џамтоски.
Од Локалната самоуправа потврдуваат дека на колекторскиот ситем му е потребна санација. Портпаролот посочува дека Локалната самоуправа бара потенцијални странски вложувачи за обнова на колекторскиот систем и ја посочуваат Јапонската агенција за меѓусебна соработка.