Skip to main content

Денес се изгласа првиот ребаланс на буџетот

На четириесеттата седница на совет која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите припадници на МВР во Куманово, се изгласа првиот ребаланс на буџетот. Опозиционерите со реакции дека со тоа општината влегува во зона на финансиска нестабилност.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Денес градските избраници гласаа за предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година. Со тоа според советникот од СДСМ Јован Стојаноски само по три месеци од донесувањето на буџетот, општината влегува во зона на финансиска нестабилност.

Имаме дополнителен прилив на 42 милиони денари средства, но најтрагично е што до овие зголемени приходи дојде по продажбата на неизградено градежно земјиште. Кога веќе го продадовме земјиштето барем тие средства да се искористеа за никаков развој, а не за средување одредени комунални проблеми со кои се соочуваат граѓаните, рече Стојаноски.sednica

Градоначалникот Никола Бакрачески појасни дека дел од средствата кои се пристигнати на сметка на општина Охрид по основ на продадено градежно земјиште се веќе распределени. При трошењето на оние средства што треба да легнат на сметката на почетокот на јуни  треба да се раководат од неколку работи.

Сметката на општината е блокирана и по основ на 200 извршни судски решенија. Судот издал решение со кое се одредува судска рамка за висината на средствата со кои ние во тековниот месец можеме да располагаме што значи дека тие средства кои ги добиваме по основ на продажба на градежно неизградено земјиште не можеме да ги чуваме за некои идни времиња. Тие мора да се реализираат во рамки на судскиот лимит, рече Бакрачески.bakraceski

Советниците со 13 гласа за и без расправа ја усвоија информацијата за содржината и текстот на договорот по Одлуката на Советот на општина Охрид за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавно осветлување на општина Охрид.
Ги усвоија и измените и дополнувањата на повеќе општински програми со што ја завршија 40тата седница. Непосредно потоа Советот на Општина Охрид ја продолжи работата, одржувајќи ја одложената 39-та седница.

{loadposition content9}