Случувањата во земјава негативно ќе се одразат на туристичката сезона во Охрид
Случувањата во земјава негативно ќе се одразат на туристичката сезона во Охрид.
Нарушената безбeдносна ситуација ќе се одрази и на туристичкаат сезона во Охрид. Невзоможно е вакви случувања и настани да не влијаат на одлуките на гостите кои планираат одмор на охридското крајбрежје , вели првиот човек на Охрид, Никола Бакрачески.
„ Веќе добиваме најави од хотелиери и туристички агенции, дека некои од нивните аранжмани би можеле да бидат откажани, а би требало да ги вкалкулираме во нашите очекувања од туристичката сезона“, напоменува Бакрачески.
Бакрачески вели дека не сака да дојде до таква ситуација. Се надева дека безбедносната состојба во земја ќе се подобри и ќе се реализираат нивните туристички очкеувања за оваа сезона. Показателите од првиот и вториот квартал беа надежни и влеваа надеж дека Охрид ќе ја има најуспшешната туристичка сезона од која се очекуваа 30проценти од туристилките приходи, рече Бакрачески.