Skip to main content

Чавков и Мисјаловски, нови министри

Митко Чавков е нов министер за внатрешни работи, додека Владо Мисајловски ќе застане на чело на Министерството за траспорт и врски.

cavkov i misajlovski

Митко Чавков е нов министер за внатрешни работи, додека Владо Мисајловски ќе застане на чело на Министерството за траспорт и врски.
 
vladoСо по 71 глас ЗА, Собранието на Република Макеоднија ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски за нови министри во Владата на Република Македонија. На седницата присуствуваа 79 пратеници, и тоа од ВМРО­ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.
 
„Митко Чавков, кој долги години е на одговорни позиции во Министерството, без ниту една дамка во кариерата, кој сигурно ќе знае од сите вработени да го извлече најдоброто. Мисајловски, кој е актуелен директор на Фондот на државни патишта и кој одлично ги познава проектите на Министерството за транспорт и врски, реформите и нивната динамика – истакна премиерот Никола Груевски.

Изборот на Чавков и Мисајловски доаѓа по вчерашните оставки на минисерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за траспорт и врски, Миле Јанакиески, а по предлог на премиерот Никола Груевски.