Skip to main content

Оставка од Груевски побараа граѓаните на денешниот протест

Оставка од Груевски побараа граѓаните на денешниот протест.

 |  Валентина Неловска  | 
nikola

„Збогум Никола“, „Оставка“, „Долу диктатура“ и „Готово kolonaе готово“, извикуваа  голем број граѓани на досега најмасовните одржани протести пред владата. Со разни транспаренти побараат актуелната влада да  поднесе оставка. Тие се незадоволни  од  оставките  министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска,  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Организаторите на протестот иако нагласуваат дека тоа е охрабрувачки знак, но сепак сметаат дека се само козметичка реконструкција. Во соопштението на движењето се нагласува дека народот ќе биде на улиците сѐ до исполнувањето на нивните  три  барања:

– Итна оставка и преземање на политичка и правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење.
– Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму.
– Формирање на Влада за демократизација на институциите и овозможување на фер и демократски избори“,

koloniРека од  граѓани се движеше по скопските улици и по после едночасовниот протест во близина на владата, се упатија кон  Основен суд Скопје 1 и  пред Собрани . Полицијата и овој пат го блокираше патот и на граѓаните не им дозволи  да се доближат до заштитната ограда која беше поставена пред  Влада.