Skip to main content

Хидинг за 2,8 милиони ќе го води Челзи

Падна договор, Хидинг ќе го води Челзи најмалку до крајот на летото и ќе биде во можност за четири месеци да заработи 2,8 милиони евра односно 1,7 милиони е загарантираната сума, а остатокот од 1,1 милион ќе зависи од резултатите во Лигата на шампионите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gus Hiding
Гус Хидинг
Падна договор, Хидинг ќе го води Челзи најмалку до крајот на летото и ќе биде во можност за четири месеци да заработи 2,8 милиони евра односно 1,7 милиони е загарантираната сума, а остатокот од 1,1 милион ќе зависи од резултатите во Лигата на шампионите.  

Клубот од Лондон упати официјално соопштение во кое и се заблагодарува на Фудбалската федерација на Русија поради тоа што му дозволи на селекторот на репрезентацијата паралелно да извршува уште една тренерска функција.

logoГус Хидинг истакна дека е дојден во клубот поради односот кој го има со сопственикот на Челзи Роман Абрамовиќ, кого го смета за човек со особен придонес за фудбалот во Русија. Тој вчера не ја исклучи ниту можноста за продолжување на престојот во Лондон, секако доколку тоа го дозволат резултатите, ако не правец исток.
Кај играчите од Челзи сега има мешани чувства. И кога некој медиуми во Англија шпекулираат дека Абрамовиќ оставката на Сколари ја подготвувал во договор со Балак, Дрогба и Чех, а дека Џон Тери бил против смената, Португалецот Деко разочаран го најавува „помеѓу редови“ своето заминување од „Стенфорд Бриџ“.
„Бев шокиран кога слушнав за смената на Сколари. Главната причина поради која јас дојдов во Челзи е токму тој. Ми го објасни неговиот амбициозен проект и поради тоа одлучив да ставам потпис на договорот, притоа, одбивајќи многу други понуди. Сколари беше добар тренер и требаше да му дадат повеќе време“; изјави Деко.

Капитенот на репрезентацијата на Германија порача од Дизелдорф дека на него и неговите соиграчи од Челзи отпаѓа големиот дел од одговорноста за неуспесите на клубот, а цехот го платил само тренерот Сколари.

 

 

{loadposition content9}