Skip to main content

Лидерска средба со присуство на САД и ЕУ

Доцна синоќа, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав.

лидерска средба

лидерДоцна синоќа, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав.

На иницијатива на претставниците на меѓународната заедница денеска ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми партии Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Лидерите ќе седнат на заедничка маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД и Аиво Орав, шеф на мисијата на ЕУ во Македонија.
Иницијатори на оваа средба се претставниците на меѓународната заедница за да почне дијалог за решавање на политичката криза.