Одредени локациите низ Охрид за поставување времени објекти
Одредени локациите низ Охрид за поставување времени објекти.
На девет локации ќе бидат поставени времени објекти од различни дејности. Видот на дејностите, изгледот и цената за закуп за објкетите ќе зависат од интересот кој ќе го пројават закупците. Јавниот повик се очекува наскоро, а целата постапка се планира да заврши пред почетокот на туристичката сезона. Во Програмата за поставување на времени објекти на која се ечкаше скоро една година ја изработи Локлната самоуправа , а се зацртани локациите на ул. Партизанска, кај Гимназија, кај економското училиште, во близина ОУ Братство Единство, на ул. Сирма Војвода кај болницата, ул. Кленоец во близина на автобуската станица, кај Емуц, Билјанини извори и во паркот во близина на Амамот.
„ Она што можам да го кажам е дека во предвидените 9 локациии во Охрид за поставување на времени објекти на некоја од локациите има простор да се постават и повеќе објекти. Бројот на објектите ќе зависи од нивната намена со какви проекти ќе настапат заинтересираните физички или правни лица ќе сакаат да постават времени објекти“, напоменува Џамтоски.
Локалната самоуправа наскоро од Минстерството за транспорт и врски чекаат согласност за да се постават кисоците. Потоа следува јавниот тендер . Целата постапка за поставување и издавње на времениет објекти се планира да заврши пред поечтокот на туритсичката сеозна. За потсетување мината година на стартот од летната туристичка сезона, Локалната самоуправа отстрани над 100 тина времени објекти од разни делови од градот. Како причини за дислокацијата беа наведувани запуштеноста на објектите и неплаќање соодветна кирија од страна на закупците.