Челзи во минус над 80 милиони евра
На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Челзи биле објавени податоци во врска со финансиското работење на клубот за оваа сезона.
лого
На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Челзи биле објавени податоци во врска со финансиското работење на клубот за оваа сезона.
Од овие податоци станува јасно дека клубот на Роман Абрамович регистрирал намалување на загубите во однос на минатата година, но сепак тие и понатаму се рекордни и изнесуваат 83 милиони евра, од кои две третини се потрошени на обесштетување на тренерите Жозе Мурињо и Аврам Грант.

Во соопштението се истакнува дека клубот успеал да ги намали расходите. Во споредба со сезоната 2007/08 кога Челзи регистрирал загуби повисоки за 12%. Во моментов загубите во клубот од Западен Лондон значително се намалуваат.
„Нема сомнеж дека се чувствува некоја нагорна линија во финансиското работење на клубот. Тоа покажува дека и покрај економската криза Челзи може и понатаму да биде добар партнер со спонзорите. Раководството постави амбициозна задача да бидеме финансиски независни уште 18 месеци, поточно до 30 јуни 2010.”, рече извршниот директор на Челзи , Питер Кенион.
{loadposition content9}