Skip to main content

Швајцарски туристи уживаат во масажа со босилок, вкусна риба и возење велосипеди на Галичица

Ова е само дел од интегрираната понуда на туристичкиот кластер „ЕДЕН“ која се нуди на туристите, за запознавање со тајните на Лихнид и Белото Езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
tocaci turisti

Туристи од Швајцарија во тридневни аранжмани ќе уживаат во убавините на стариот дел од градот, ќе се запознаваат со охридските занаети, ќе ручаат рибни деликатеси пловејќи на сплав до изворите кај Св.Наум, ќе јаваат магариња во Елшани.

velosipedizam GalicicaПо денот исполнет активности, ќе се релаксираат со прекрасна етно масажа со нане, мајчина душица и босилек во Елшани, а со поглед на езерото.  Ова се само дел од бројните благодети во кои туристите ќе уживаат во одморот полн со активности. Нивната посета на Охрид е во рамките на интегрираната инфо тура на туристичкиот кластер „ЕДЕН“ од Охрид кој има планирано пет вакви аранжмани од кои три веќе се подготвени. Преку оваа инфо тура, швајцарците ќе ја истражуваат скриената традиција на Лихнид и Белото Езеро како една целовита приказна за тоа што Охрид навистина носи како убавина и атракција за туристите. Оваа инфо тура наишла на сериозен интерес кај туроператорите.

pastrmka„Морам да кажам дека ми се допадна интересот на домашните тур-оператори за понуда на странските пазари на ваквите пакет аранжмани, значи навистина интересно. За краток период, содржајно, сите активности по малку. Буквално стратегијата беше таква да во еден ваков тридневен аранжман луѓето да почувствуваат што има Охрид и кој би бил нивниот клучен интерес за повторното нивно враќање во Охрид и на што би посветиле повеќе внимание. Значи буквално стратешки ова го гледаме да излезе на надворешните пазари меѓутоа морам да посветиме внимание дека дел од тие туристи повторно треба да се вратат во Охрид со вакви дополнителни активности.“-вели Александар Јованоски од туристичкиот кластер „ЕДЕН“

beloto ezeroТуристите од Швајцарија доаѓаат во рамките на проектот „ИМЕ“ на швајцарската влада, а имплементатори се швајцарската организација  Swiss Contact и локална организација Преда плус.  Овој проект за крајна цел има зголемување на вработувањата во Македонија во секторите зелени економии, креативни индустрии и туризам.

„Имаме посета од Цирих, ја тестираме турата на охридскиот кластер „ЕДЕН“, која што е само една од турите за активен туризам. Пред нас се многу прилики, во 2016-2017та го следиме трендот на активен авантуристички туризам кој што мислиме дека можеме да ги опслужиме, но сега за сега само ги тестирам за да видиме што е тоа што може да се подобри и до кој степен. Ние како проект финансиран од швајцарска влада, може да помогнеме и со средства, но најмногу со швајцарска експертиза.“-рече Елена Иванова-туризам сектор менаџер на проектот „ИМЕ“.

planinarenjeИнфо турата „Истражи ја скриената традиција на Лихнид и Белото Езеро“, од туристичкиот кластер „ЕДЕН“ ја замислиле како интегрирана, сеопфатна исполнета со активности авантура за туристите, во која тие ќе почувствуваат што значи да се истражи Охрид.  Јованоски вели дека во овие пакет аранжмани даватели на услуги се преку 20 до 30 различни дејности. Покрај споменатото, туристите, во рамки на турата ќе имаат можност и сами да подготвуваат традиционална македонска храна, да возат велосипед на Галичица, да пешачат по патеката Чоколско, но и од  инструктор да учат кајакарење на мирни води. Ќе патуваат до Куратица, Плаќе, Завој, Речица, Скребатно.