Во гимназија и економско наставата ќе заврши навреме
Во гимназија и економско наставата ќе заврши навреме.
Наставата во сите јавни средни училишта ќе заврши навреме како што предвидува годишната програма.
Пропуштената настава професорите сами ќе одлучуваат како ќе ја надокнадуваат. Имаат на располагање разни форми за применување, дали тоа ќе за време на часовите, пред или после наставниот предмет. Ова како насока стои во препшораките дадени од ресорното министерство и Бирото за развој на образованието, по скоро едномесечниот бојкот на средношколците од земјава, меѓу кои беа и охридските гимназијалци и економисти.
„ Во рамките на реализираната наставна прогарма предметните професори можат и треба да ги искористат сите можни форми и наставни методи да ја реализираат наставната програма како групирање на наставните содржини додатната настава, дополнителна настава, слободни ученеички активности и други форми и методи. Сметам дека на тој начин ќе се најдат сите предметни наставници во реализираната наставната содржина во интерес на учениците,“ вели директорот на охридската гимназија Ѕвонко Трпески.
Славица Костоска, директор на економското училиште Св Кирил и Методиј , потврдува дека и во нивното училиште ќе се приемнуваат тие насоки. Таа додава дека имаат обврска и кон матурантите испуштената настава адекватно да ја надополнат . Натавата за нивните матуранти завршува денес, а Костоска потенцира дека максимално ќе се насочат тоа да го направат за време на консулативната настава која ќе следи од 21 до 28 мај.
Во учебната 2014 /2015 година завршуваат во 4 година 147 екомомисти и 201 гимназијалец.