Мадридскиот спортски весник АС на насловната страница донесува бомбастична најава за заминување на Герет Бејл од Реал.
“Бејл бара заминување”, пишува АС и наведува дека тоа на претседателот на клубот, Флорентино Перез, му го пренел агентот на Бејл, Џонатан Барнет.
Истиот тој Барнет неодамна беше гласен по медиумите дека Велшанецот е незадоволен бидејќи играчите го бојкотирале на теренот. Но, минатата недела ги отстрани сите сомнежи околу заминувањето. Тврдеше дека Бејл сака да остане во Мадрид и дека ќе успее во клубот во кој секогаш сакал да игра.
Сега повторно доаѓа до потполн пресврт, ако се верува на АС кој има инсајдерски информации од кралскиот клуб на Бернабеу. Весникот наведува дека Мнчестер Јунајтед е веќе спремен со 120 милиони евра за Бејл и неговото враќање на островото. Тоа би требало да биде доволно да го убеди Перез во продажбата на човекот за кој плати 100 милиони евра, пред две сезони, за да го доведе во Реал.
Наводно Рајан Гигс добил специјална задача кај Бејл да ја поттикне желбата за доаѓање во Манчестер. Тој би бил вистински наследник на легендарниот велшки фудбалер. Велшанец за Велшанец, Бејл за Гигс, тоа би била прекрасна приказна на Олд Трафорд.