Skip to main content

Стружанец незаконски издавал времени таблички

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга.

полициска станицаПријавениот, на 7 мај оваа година, во својство на менаџер во „АМД Струга“, без да спроведе законска постапка за издавање привремени регистарски таблици, издал четири времени таблици од кои две за патнички и две за товарни моторни возила. Тоа го направил со издавање на времените таблици на рака на физичко лице од струшкото село Ливада вработен во фирмата „Викторија инвест“ од Република Албанија. На ова лице пријавениот му издал четири потврди и четири привремени таблици за возилата кои на денот на издавањето на времените регистрации биле на територијата на Република Албанија и немале остварено влез во Република Македонија.
 
Издадените времени таблици, подоцна биле однесени на граничниот премин Ќафасан и биле поставени на товарните и патнички моторни возила пред да влезат во Република Македонија. При контрола на влез на граничниот премин, полициските службеници констатирале нецелосна документација и не дозволиле влез на македонска територија а пробните времени таблици ги одзеле.