Skip to main content

Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј

Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј.

 |  Валентина Неловска  | 
sv spas

mostiХристијанските верници денес  го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети  и новоизградените конаци.  Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.
Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и смирение. Посетителите не останаа рамнодушни на убавата околина и изградените конаци.

Манастирот Вознесение Господово  во Горно Лакочереј сместен во прекрасна околина  датира од 14 век. Верниците често го посетуваат храмот и бараат духовен мир, но најпосетен е  на истоимениот празник,  кој го менува датумот, но не и денот, а се слави шест недели после Велигден. Црковниот одбор од Горно Лакочереј постојано се труди да го оплеменува и да го направи манастирскиот комплекс  што попривлечен за верниците. Со средства од Митролопијата се изградени конаци со 15 соби и сала за свечености со капацитет од 300 гости, вели Александар Крстев благајник на Црковниот одбор.

sv spas„ Неговото значење за Горно Лакочереј  е огромно. Посебно последните години кога во тренд е манастирскиот туризам  и руралниот туризам. Со новите  конаци сме подготвени да ги примиме туристи од кои  бенефит ќе имаат сите селани од околината  и од Горно Лакочереј“, напоменува Крстев.
       
На годинешнот прославување на празникот Христово вознесение имаше и тројца кумови, Александар Попоски, Иво Јованоски и  Александар Трајкоски кои се погрижија празникот да биде што посвечено одбележан.  Празнувањето започна од синоќа кога верниците ги забавуваше естрадниот уметник Јордан Митев.