Skip to main content

Живко Митрески реизбран за претседател на ССМ

Живко Митрески реизбран за претседател на  ССМ.

 |  Валентина Неловска  | 
ssm

ssmЖивко Митрески е реизбран на функцијата претседател на Сојузот на Синдикати од  сите  98 делегати , претставници од 17 гранкови синдикати на денешниот конгрес одржан во Охрид.

Овој избор  покажа дека сојузот на синдикатите е движечка синдикална сила коjа покажа што сака и како с е брaнат работничките права, рече при тоа Митрески.
Во презентирањето на новата програма пред делегатите на 19 -тиот Конгрес, Митревски истакна  дека новото раководство како претставничко тело на работниците во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните.

„ При тоа  активностите ќе бидат насочени кон доследно почитување и применување на  работничките права на сите нивоа, ќе се елиминира  опасноста од нееднаквост на работниците, разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација“, напомена Митрески.

Митревски истакна дека во претсојниот период ќе бара и понатака  унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор и безбедни  услови при  работа.