Најновото британско истражување докажало дека жените се сепак подобри зад управувачот, но за да бидат признати како подобри возачи ги спречува нивната скромност.
Имено, многу се ретки жените кои се фалат со возачките способности, додека посилниот пол често сака да се фали дека е врежано мислењето дека мажите се подобри возачи од жените. Но…
–Жените се повнимателни, повеќе внимаваат на безбедноста и возат поспоро од мажите. Статистиките покажуваат дека мажите почесто предизвикуваат сообраќајни несреќи и повеќе прават сообраќајни прекршоци.
–Жените се посмирени зад воланот. Жените ќе ја искористат сирената само кога тоа навистина е неопходно и оправдано, додека мажите трубат и на автомобилот пред себе кој не тргнал во истиот момент на семафорот кога ќе се вклучи зеленото светло.
–На жените возењето не им е активност во која се докажуваат. Кај мажите и возењето претставува некакво докажување па дури и изборот на автомобил е активност во која сакаат да се докажат.
–Жените помалку ризикуваат за време на возењето. Жените знаат да застанат и на жолто светло на семафорот додека мажите додаваат гас за да поминат надевајќи се дека црвенот светло на семафорот нема да се вклучи, а уште еден доказ за претпазливост е тоа дека помалку пишуваат пораки на мобилниот телефон додека возат.
–Жените се секогаш попретпазливи пред тргнување на пат по кој треба да возат. Мажите по тоа прашање покажуваат претерана сигурност за патот по кој прв пат ќе возат и се однесуваат како да знаат сѐ. Жената, исто така многу почесто ќе праша за правец и насока по која треба да се движи ако се изгубила, додека мажите се во состојба да лутаат бидејќи им е под честа да прашаат за помош.