Skip to main content

Истекува рокот за исплата на бруто платите

Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.

tabla
табла
Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.

Доколку не биде почитуван законскиот рок, Управата за јавни приходи(УЈП) најавува дека ќе наплатува камати. За секој ден доцнење ќе се наплатува камата од 0,03 отсто.

Ministerstvo za finansiiОд УЈП соопштија дека до саботата 55.497 фирми доставиле пресметки за бруто плата, а одобрени се 53.997 пресметки. Од УЈП немаат точни податоци колку вработени зеле јануарска плата.

Реформата цела плата предизвика многу проблеми кај работодавците, бидејќи на шалтерите на УЈП се формираа големи редици за поднесување на документите за бруто плата, а дополнителен проблем беше и падот на софтверот на УЈП.

 

 

{loadposition content9}