Запрени градежните работи на новиот плоштад кај Мини Маркет
Запрени градежните работи на новиот плоштад кај Мини Маркет.
Повеќе од две недели се запрени градежните зафати на малиот плоштад кај Мини маркет. Граѓаните од населбата Билјани извори со нетрпение го очекуваат неговото финиширање. Од Локалната самоуправа имаат објаснување за моменталната ситуација на овој простор.
„ Изгледа дека се прекинати работите, но треба да се запазат некои законски нормативи. Во постапка треба да има тендер за набавка на гранитни плочки со кој ќе биде поплочен плоштадот,“ напоменува портпарол на ЛС Томе Џамтоски.
Охридската јавност е запозната со идејното решение за изгедот на современиот парк. Познат охридски уметник е задолжен за изработка и на мозаик кој ќе биде поставен на фонтаната, додава Џамтоски. За завршување на плштадот кадешто граѓаните ќе можат да се одмараат, општинскиот портпарол со кус одговор.
„ Како што беше најавено до почетокот на главната туристичка сезона овој простор ќе добие сосема друг лик со новиот плоштад“, вели Џамтоски.
Инаку , на недоизградениот простор се завршени водоводните и електричните инсталации кои ги работат двете јавни претпријатија, Нискогардба и Градски гробишта, додава Џамтоски.