Carmina Burana ќе го отвори „Охридско лето“
Со музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на Карл Орф во изведба на светски познатиот ансамбал од Шпанија „La Fura Dels Baus“ ќе биде отворено годинешното 55-то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето.
Со музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на Карл Орф во изведба на светски познатиот ансамбал од Шпанија „La Fura Dels Baus“ ќе биде отворено годинешното 55-то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Режисер на ова дело е Карлус Падриза од Шпанија, а на сцената ќе настапат актерката Лука Еспиноза и споранот Хозе Мануел Диаз исто така од Шпанија.
За музичката изведба на ова дело ќе се погрижи оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија под диригентската палка на Василиј Корошев од Русија и Јозеф Винсет од Шпанија.