Социјалните мрежи се сѐ почесто и поинтензивно под присмотра на властите, безбедносните агенции, потенцијалните работодавачи, ширум светот, па затоа треба да се внимава што се објавува, а овој радикален случај е најдобар доказ за тоа.
Медиумските слободи, меѓу кои спаѓа и изразувањето на личното мислење, па макар тоа било и по виртуелен пат, на интернет, и онака се релативен поим, а факт е дека некои луѓе се несвесни дека нивната објава може секој да ја прочита кој одлучува за нивната судбина.
Додека Обединетите Арапски Емирати фигурираат како земја пожелна за вработување, поради својот огромен просперитет, сепак ригидниот став на владеачките структури е нешто што треба да загрижува и притоа да се води сметка. Ahmad Abdullah Al Wahid најдобро го почувствувал тоа на своја кожа, како владата ја перцепира објавената критика на нејзина сметка.
Имено, Al Wahid на Twitter често објавувал критички објави, што на властодршците не им се допаѓале, па така несреќникот завршил на суд. Пресудата на врховниот суд во Абу Даби била шокантна, бидејќи Al Wahid добил затворска казна од десет години. Неразбирливо е тоа дека треба цело десетлетие од животот да се проведе зад решетки поради критики до власта, што во многу земји кои практикуваат развиена демократија е допуштено, иако постојат релативни опасности. Сепак е неочекувано и во земја како ОАЕ, колку и да е богата и развиена, очигледно е дека владеат некои правила од некои далечни минати времиња.
Al Wahid завршил во затвор, а неговите кориснички сметки се згаснати, запленети се документите и сите датотеки од неговиот компјутер од страна на полицијата.
Без оглед што звучи неверојатно, сепак е можно во денешно време од Twitter да се заврши во затвор.