Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации
Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации.
Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска.
„ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа и културите кои ги претставуваат и се прикажуваат пред родителите, пријателите од Струга и Охрид“, укажува Постолоска.
Пред голем број посетители беа прикажани културите на 8 племиња и цивилзиции од минатото од различни континенти. Учениците самостојно ги избрале според интересниот колорит на облеката и начин на живеење.
Донесоа автентични и оргинални костими, беа интересни и ја покажаа нивната креативност.
На Фестивалот на различни култури и цивилизации зедоа учество над 60 ученици од третта година, а во изработка на накиот им се приклучија и основците од исто именото училиште. Приватното средно училиште Јахја Кемал овој Фестивал го одржува по четврти пат.
{loadposition content9}