Лебот од нашите баби, храна и лек
Стариот начин на подготовка на леб замесен со кисело тесто е она вистинското, тврдат научниците. Тие сигерираат граѓаните да се многу внимателни кога купуваат црн леб. Многу често бојата на лебот е вештачки постигната.
Лебот направен по рецептот на нашите баби, производ кој го чува нашето здравје. Овај леб се правиод пченица и `рж се замесува без квасец туку со кисело тесто со додавање на јогурт во самата смеса. Со ваков леб диетите кои ги препорачуваат нутриционистите само со овошје и зеленчук се непотребни, тврди проф. Д-р Валентина Павлова, декан на технолошко-техничкиот факултет во Велес. Таа долги години вршела анализа и истражување на лебот и тестото од кое се прави и дошла до фрапантни податоци. Белиот леб нема никакви нутриционистички вредности, а лебот направен на традиционален македонски начин не само што е корисен туку на некој начин е и лек за оние со одредени здравствени проблеми.
Анализите кои ги направивме покажаа дека овој леб е многу погоден за конзумирање од страна на лица кои имаат дијабетес бидејќи многу е намален гликемискиот индекс. Можат да го конзумираат и лицата кои боледуваат од болеста цилеракија бидејќи во него нема глутен, а и сите оние кои сакаат да ослабат бидејќи има многу малку кило калории, вели проф. д-р Павлова.
Киселото тесто со кое се замесува ваквиот леб се користело уште 1500 год п.н.е. кај старите египќани. Во нашата земја домаќинките особено во руралните средини и денес го подготвуваат. Павлова вели дека овај бренд треба да се зачува и да се омасови. Ваков леб да се произведува индустриски за да може да се конзумира од широките народни маси. Засега само една пекара во Кичево го прави овој леб. Проф. д-р Павлова инсистира граѓаните да го конзумираат лебот кој е направен од брашно добиено од цело пченично зрно бидејќи тоа во својот состав ја содржи и лушпата во која пак се застапени сите минерали и витамини особено од Б комплексот. Овој леб има потемна боја, но е многу здрав за јадење. Професорката апелира многу да се внимава при купувањето на црн леб бидејќи секој не е оној вистинскиот. Таа објаснува дека во некои странски земји во тестото се додавало какао за да ја промени бојата.
Треба да им веруваме на брендовите и на она што стои во декларацијата. Потемната боја на лебот се добива со мешање на повеќе житарици и тоа со мелење на нивните цели зрна. Ако се користи само внатрешноста на зрното се добива бело брашно. НО белиот леб иако можеби е поубав за око нема никаква нутриционистичка вредност, вели проф. д-р Павлова.
Павлова им сугерира на граѓаните доколку сакаат да дознаат дали црниот леб е природно црн или во тестото се додадени некакви бои едно парче да потопат во вода. Доколку водата потемни да не го конзимираат лебот бидејќи не онај вистинскиот.
{loadposition content9}