Skip to main content

Facebook овозможи прикажување на анимирани фотографии (GIF)

Овозможено е изразување на единствен и креативен начин

 |  инфодеск  | 

Посебноста на анимираните слики (GIF) со кои ширум светот милиони луѓе се изразуват на единствен и креативен начин отсега е овозможено и на Facebook.

Објаснувањето кое досега Facebook го даваше за објавувањата на GIF гласеше дека “ако тоа го допуштиме News Feed ќе се претвори во непрегледно место на општ хаос”. Но, најверојатно во најголемата мрежа на светот во меѓувреме малку го редефинирале поимот за хаос, па така отсега ќе може да се поставуваат GIF, кои ќе се стартуваат автоматски.

Секако, ако користите Facebook и сакате GIF анимации, а не сакате автоматски да стартуваат, тогаш морате сами да ги нагодите опциите и да ја исклучите автоматскта репродукција. На Facebook ќе може да се поставуваат само GIF по пат на линкови, web страници или други сервиси, бидејќи во компанијата соопштиле дека поставување на такви датотеки на нивните сервери нема да им се нудат на корисниците. Многумина ширум светот со задоволство го дочекале овој новитет на Facebook.

Ако по некоја случајност поставувањето на GIF сеуште не ви работи тоа не е проблем со вашиот профил или нагодувањата, туку едноставно е фактот дека услугата или подобро кажано опцијата сеуште не е достапна на сите меридијани, но сигурно е дека наскоро ќе ја има насекаде во светот.