Хан се сретна со Груевски и Заев
Утрово во Скопје пристигна еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Во тек е средба со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Грувски.
Утрово во Скопје пристигна еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Во тек е средба со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Грувски.
Средбата се одржува на Водно во резиденцијата на ЕУ во присуство на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.
Според најавите од Брисел целта на посетата на Хан е да изврши притисот за побрзо наоќање решение за излез од кризата. Неофицијално тој ке се обиде да ги приближи позициите на Заев и Груевски со документ во кој се нуди Македонија да почне неофицјален скрининг како прва фаза од пристапните преговори со Европската унија.
Ова е трет обид на комесарот по двете средби одржани во Скопје и една во Стразбур. Груевски утрово пристигна заедно со министерот за здравство Никола Тодоров, шефот на дипломатијата Никола Попоски и шефот на неговиот кабинет Мартин Протуѓер. Заев е во друштво на Шеќеринска и Шилегов.