Skip to main content

Градоначалникот на Дебрца ги слушна маките на жителите од Горенци

На средбата во с.Горенци Градоначалникот Игор Трајкоски  ги запозна  жителите со проектот за изградба на фекална канализација  во с.Горенци.

 |  Голабовски Крсте  | 
sredba

На средбата во с.Горенци Градоначалникот Игор Трајкоски  ги запозна  жителите со проектот за изградба на фекална канализација  во с.Горенци.

sredbaНа присутните жители им беше образложена трасата каде ќе поминува  канализационата мрежа.Изградбата на фекалната канализација ќе биде во  должина од 8 500 метри,а цевките ќе се поставуваат на длабочина  од 2 до 4 метри и истата  ќе  биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација.

Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата за што Агенцијата за финансиска поддршка во земојоделието и руралниот развој објави повик каде што може да аплицираат општините со цел подобрување на животниот стандард во селата истакна градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски. Со реализација на овој проект ќе се надминат проблемите со одведување на фекалните води.Задоволството на жителите беше очигледно бидејќи конечно ќе им се реши долгогодишниот проблем со фекална канализација.