Skip to main content

Еколозите во државава се погласни

Забелешките, мислењата и предлозите на Здруженијата за заштита на животна средина ЕДЕН, ФРОНТ 21/42 и еколошкото друштво Лагадин,прифатени од страна на Општина Охрид  и  инкорпорирани во Нацрт извештајот за стратегиска отценка на влијанието врз животната средина. Најголем дел од забелешките се однесуваат на експресниот пат кој треба да минува низ националниот парк Галичица и за студенчишко блато. Преставниците од еколошките друштва велат дека ова е само една добиена битка и дека до конечна победа има уште многу работа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ekologija

Еколозите во државава се погласни . Целта им е да се слушне и нивниот глас при донесувањето на некои одлуки со кои, според нив,  се загрозува животната средина. Илина Арсова од еколошкото друштво „Лагадин“ вели дека борбата е тешка но мора да се истрае бидејќи спроведувањето нгаличицаа некои одлуки можат многу скапо да не чинат. Таа тука акцент стави на проектот за изградба на патниот правец Охрид- Св. Наум кој треба да поминува низ националниот парк Галичица со што ќе биде исечена голема површина на шума во паркот а со тоа ќе се наруши еден единствен еко систем.

Бев многу разочарана од надлежните и нивната дрскост кои посегнаа кон презонирање на НП Галичица само со цел да го протуркаат овој проект. Појасот во кој треба да поминува патот е обележан со зелена боја што значи има висок еколошки приоритет. Сега тие сакаат да го деградираат и да го стават во зона со жолта боја што значи дека тука може да се гради. Вакво нешто нема никаде во светот, категорична е Арсова.

Арсова објаснува дека сега засега е стопирана постапката за изградба на патот на овој потег. Треба да се направи нова стратегија за Галичица бидејќи оваа е неприфатлива ниту за еколозите ниту за инвеститорите. И тие не сакаат да вложат пари во нешто што ќе има трајни негативни последици по животната средина, објаснува Арсова.

Во оваа битка покрај ЕД „Лагадин“ се приклучија и Здружението за заштита на животни и животна средина ЕДЕН од Скопје како и здружението ФРОНТ 21/42. Тие беа најгласни за Галичица но и за заштитата на Студенчишкото блато. Александра Бујароска од   ФРОНТ 21/42 вели дека во никој случај нема да дозволат белите дробови на езерото да бидат уништени со бетонски градби кои со ГУПОТ кој го донесе општината се предвидени за овој потег. Тие неодамна до Општина Охрид доставија цел список со забелешки, мислења и предлози на Нацрт- извештајот за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.

Како исход од досегашната кампања е тоа што Министерството за животна средина и просторно планирање даде препорака да се почитува Студијата која е изготвена пред десетина години и во која стои дека за студенчишкото блато нема компензациони мерки. Очекуваме од страна на општината да ја укине одлуката за пренамена на земјиштето  во простор за домување, вели Бујароска.екологија

Од Здружението за заштита на животни и животна средина ЕДЕН информираат дека сите  нивни забелешки, мислења и предлози од страна на Општина Охрид се прифатени и се инкорпорирани во Нацрт извештајот за стратегиска отценка на влијанието врз животната средина. Тој е доставен до Министерството за ЖСПП од каде е добиено позитивно мислење.

Неодамна и Министерот за животна средина Нурхан Изаири потврди дека остатокот од студенчишкото блато треба да се заштити.

Преставниците од еколошките друштва велат дека ова е само една добиена битка и дека до конечна победа има уште многу работа. Тие се едногласни во тоа дека нема да дозволат институциите да ги игнорираат и да ги прескокнат кога донесуваат одлуки значајни за животната средина.

{loadposition content9}