Skip to main content

Еден милион луѓе на улиците на Барселона

Спектакуларен дочек на европските прваци

 |  инфодеск  | 

Барселона со победата во Берлин од 3-1 против Јувентус го освои петтиот наслов Европски првак, а Иван Ракетиќ влезе во историјата како играч кој го постигнал најбрзиот гол во финалните натпревари во европските купови.

Играчите на Барселона ја покори Европа оваа сезона. Ја освои Примера, Купот на кралот и Лигата на шампиони, а тоа го прославија со возење во отворен автобус низ улиците на Барселона каде беа пречекани од еден милион луѓе. Забавата продолжи на Ноу Камп каде играчите позираа со сите освоени трофеи.

“Ова беа две прекрасни сезони во низа. Прво со Севиља, а сега со Барселона. Благодарам до сите соиграчи, освоив три импресивни трофеи и ќе продолжам да се борам за уште повеќе пехари”, рекол Иван Ракетиќ.

Жерар Пике не остана должен кон Реал и Роналдо: “Најдобри сме на светот, но посебно морам да му се заблагодарам на пејачот Кевин Ролдан, бидејќи тогаш започна сѐ”, рекол Пике.

Имено, Ролдан пееше на забавата на Роналдо на која Португалецот се забавуваше по тешкиот пораз од Атлетико (4-0) во февруари. Многу навивачи на Реал тогаш му беа лути на Роналдо поради таа прослава по катастрофалниот триумф од градскиот ривал.