Skip to main content

Трка по шампоните, парфемите и маскарите на Procter&Gamble

Се проценува дека козметичката линија на P&G вреди 12 милијарди долари

 |  инфодеск  | 

Германско-француската алијанса  Henkel и Coty има намера да превземе добар дел на американскиот Procter&Gamble, поточно линијата за нега која е вредна околу 12 милијарди долари. Спрема тврдењата на упатени извори на Reuters, две компании испратиле понуди, со тоа што Henkel го интересираат само производите за нега на коса, како шампоните Wella и Clariol, кој вредат помеѓу 5 и 7 милијарди долари, додека францускиот Coty го интересира делот на парфеми и козметика. Имено, во програмата на парфеми и козметика на P&G се наоѓаат брендови како што се Gucci и Hugo Boss, а само тие два бренда вредат околу две милијарди долари, оценуваат аналитичарите. Coty произведува парфеми за Calvin Klein и Marc Jacobs, а сопственик е и на брендот Rimmel и производите за нокти OPI, па во тој контекст би можел да биде заинтересиран за козметичката програма на P&G, Max Factor.

Меѓутоа, овие две компании не се единствени заинтересирани, иако се прогласуваат за фаворити, за овој дел од бизнисот на P&G. Шампоните за коса наводно би сакале да ги видат во свое сопствеништво и во инвестициската компанија KKR која се спрема да испрати понуда, а моќни конкуренти за програмата на парфеми Coty има и во Clayton Dubilier&Rice, а заинтересиран е и фондот Warburg Pincus. Спрема пишувањето на Reuters наведените компании одбиле да ги коментираат тврдењата на упатените извори, додека од Henkel останале недостапни за коментар.

Ако овие тврдења се покажат за точни, P&G е на “слатки маки” на кого ќе му го продаде овој дел од бизнисот. Дека компанијата има намера да изврши продажба на тој дел стана јасно уште во март оваа година кога почна да се спроведува планот за продажба на делот кој не е темелен бизнис. Така минатата година беше продадена програмата на батериите Duracell на Warren Buffett и дел од програмата на сапуни на Unilever.

Аналитичарите сметаат дека со распродажбата на царството P&G  за лична нега и козметика се означува и крај на една ера за таа компанија. Шампоните Wella компанијата ги купи во 2003 година за 7 милијарди долари, а денес тоа е втор најпродаван бренд во светот, посебно во Европа. За потенцијалот на Max Factor козметиката, за новиот сопственик, доволно зборува податокот дека покрај американскиот пазар таа се продава на три континенти – Европа, Азија и Јужна Америка.