Само неколку дена пред квалификацискиот натпревар со Хрватска, тамошниот фудбалски сојуз го тресе нов скандал. Италијанската полиција упадна во седиштето на фудбалскиот сојуз, а на мета е потпретседателот Claudio Lotito кој се сомничи за изнуда и илегално финансирање на клубови, пишуваат италијанските медиуми.
Lotito е претседател на Лацио, а неговите малверзации се само продолжение на акцијата на италијанската полиција која десет дена пред Еуро 2012 година упадна во кампот на репрезентацијата. Една година подоцна беа претресени просториите на 41 клуб на Серија А и Б.
Секако, она што кај нас се смета за мешање на политиката во фудбалот, а УЕФА изричито го забранува, во Италија се нарекува процес против фудбалска мафија.
Италија и овој пат е во проблеми пред еден важен натпревар, но ним скандалите како да им носат среќа. По Calciopoli тие станаа светски прваци во 2006 година