Ципи Ливни подготвена за мир со палестинците
Израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни, која се надева да добие мандат за состав на нова влада откако нејзината партија „Кадима“ победи со минимална предност на парламентарните избори, изјави дека Израел треба да им отстапи на Палестинците значителна територија во замена за траен мир.
Ваквата нејзина изјава драстично се разликува од ставот на лидерот на „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху, чија партија е втора со најмногу освоени гласови на изборите.
Шефицата на израелската дипломатија објасни дека „Тоа ќе биде за доброто на Израел, кој на тој начин „ќе може да остане еврејска држава и да се радува на мирот“.
Пред лидерите на еврејските заедници во САД таа објасни дека Израел треба да преземе иницијатива и да предложи план за мировен договор со Палестинците, наместо да се придржува кон програми составени од други држави.
Центристичката партија на Ливни освои 28 места во Кнесетот, едно повеќе од десно ориентираната партија „Ликуд“ на Нетанјаху, која е против големите територијални отстапки во корист на Палестинците.
{loadposition content9}