Имајќи во предвид дека бројот на уреди кој секојдневно ги користиме е сѐ поголем и дека интересот сѐ повеќе се зголемува, логично е да се размислува за пронаоѓање на решение за полнење на уредите.
Научниците од Универзитетот во Вашингтон успешно тестирале Wi-Fi полнење така што на различни уреди поврзувале сензори кои се во можност да примаат Wi-Fi сигнали и да ги претвораат во енергија која ја полни батеријата.
Тимот на американски научници овој систем сакал да го интегрира на веќе постоечката Wi-Fi инфраструктура па било доволно рутерите да добијат софтверско надоградување за да работат и како полначи, но и како нормални рутери.
Оваа технологија засега не е достапна на голем број луѓе, но звучи ветувачки бидејќи претставува најдобро бежично полнење на батериите кое е досега презентирано.