Еден од фокусите на истражувањата на Samsung последните години е технологијата поврзана со екраните. Јужнокорејската компанија досега веќе прикажуваше бројни прототипи на склопливи, преклопни и флексибилни екрани, а тука се секако и двата врвни телефони со закривени екрани – Galaxy Note Edge и Galaxy S6 edge.
Овие денови кружат гласини за тоа дека компанијата работи на уреди кои се склопуваат и кои се во можност од мини таблет да се претворат во многу поголем модел и тоа со едно движење – како отворање на книга.
Секако, ќе помине време додека оваа технологија се најде во масовно производство, но најверојатно Samsung има и некои други патентирани дизајни за вакви уреди.
Засега не е сигурно дали ќе видиме ваков уред на пазарот, но Samsung сериозно ја разгледува идејата за креирање на некаков уред на склопување.