Skip to main content

Мистеријата на MH370 на Malaysia Airlines решена?

Математички пресметки на група научници дошле до заклучок

 |  инфодеск  | 

Професор на универзитетот A&M во Тексас и неговиот тим во Катар имаат математичка теорија за тоа зошто трагањето по исчезнатиот MH370 на Malaysia Airlines не даде резултати повеќе од една година од исчезнувањето.

Др. Goong Chen, чие истражување за оваа теорија е објавено во списанието на американското математичко здружение, аргументира дека авионот во Индискиот океан паднал со носот надолу под агол од 90 степени и останал цел додека тонел према дното, пишува Business Insider.

Една од најголемите мистерии која го опкружува летот MH370 е фактот дека и покрај сите показатели дека паднал на подрачјето на јужниот дел од Индискиот океан, истражувачите никогаш не открија делови од авионот или дамки на масло кои испливуваат на површината по рушење на авион.

Chen објаснува дека, ако авионот паднал во океанот под друг агол, тоа би предизвикало кршење на трупот од авионот. Во тој случај веројатно би постоело подрачје на кое остатоците би плутале по површината. Но, вертикалното понирање во вода не би го оштетило толку авионот. Веројатно би се скршиле крилата, но бидејќи се многу тешки веднаш и брзо би потонале  на дното од океанот, а остатокот од авионот на дното би завршил со цел труп.

Chen и неговиот тим направиле симулација како би изгледал ваков пад. Авион кој упаѓа во вода под тој агол не би направил еднакви бранови како влегувањето под помал агол. Големите бранови веројатно би предизвикале поголемо кршење на авионот.

Во другото сценарио кои го разгледувале Chen и неговиот тим, помал агол на влегување во вода би направил поголеми бранови и поголем притисок што би предизвикало авионот да се распадне поблиску до површината на водата.

Chen и неговиот тим, заклучиле дека , базирано на разни сценарија кои биле математички испитани, најверојатно авионот влегол со носот во вода. Ако авионот влезел под друг агол истражителите веројатно досега ќе пронајдеа некои остатоци.