Skip to main content

Продолженото работно време на локалите , непроспиени ноќи за граѓаните

Им се продолжи работното време на угостителските објекти. За време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Со ова одлука на некого му се раздени, а на некого му се стемни. Сопствениците на локалите задоволни, но граѓаните загрижени. Велат дека на овој начин се зголемува можноста за прекумерна бучавост во градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohrid

Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Работното време на угостителските објекти во месец јуни во текот на пет празнични денови се продолжува за еден час, во јули 5 дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а два дена за еден час. Во август, во текот на 11 празнични дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а во септември, октомври, ноември и декември во текот на три дена од овие месеци, угостителските објекти ќе работаат подолго за еден час.buka

Нормално е во овој период од годината да се донесат одлуки за продолжување на работното време во угостителските објекти како што впрочем тоа се прави секое лето, но секако тоа да биде во склоп со законските одредби што значи почитување на тоа работно време и почитување на дозволената бучавост во лаокалите, вели секретарот на општината, Димитар Спасески.

На ваквата одлука реагираат жителите од Урбаната заедница Стар Град. Тие велат дека со продолжувањето на работното време на угостителските објекти се зголемува и нивниот долгогодишен проблем, а тоа е прекумерната бучава која доаѓа од локалите. Граѓаните најмногу реагираат на бучавата која доаѓа од таканаречената “Ајван плажа” на која се лоцирани повеќе кафе барови и ноќни клубови, но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Апелираат надлежните локални служби и инспекции да воведат ред, со што би се обезвбедил спокоен живот на охриѓани, но и на гостите кои дошле тука да се одморат. Од општинскиот инспекторат велат дека тие прават се што можат, но не можат да се справат со прекумерната бучавост бидејќи има големи нелогичности во Законот за заштита од бучавост во животна средина. kadmoСпоред него дневната бучава треба да изнесува до 65 децибели, од 19 до 23 часот е повечерје и треба бучавата да се намали, а после 23 часот таа треба да изнесува 55 децибели што значи дека треба да биде мртва тишина. Но, во туристички град како што е Охрид се прават отстапки од овие законски прописи во интерес на летната забава за гостите, но голем дел од сопствениците на локалите тоа го злоупотребуваат па бучавоста констатирана во нивните објекти повеќе пати ги надминува дозволените децибели. Не помагаат ниту високите казни кои ги изрекуваат инспекторите. 500 евра треба да плати правното лице, а 300 евра одговорното лице. Доколку казната се плати на лице место тааа се преполовува. Голем дел од сопствениците плаќаат и око не им трепнува, велат од инспекторатот. Казните за нив се ниски бидејќи 400 евра ќе ги извадат за неколку часа. Од општинскиот инспекторат сугерираат доколку навистина сакаме да направиме ред со бучавоста казните да се зголемат повеќе кратно. Минатата година биле напишани седум мандатни казни, но и тоа не вродило со плод. Од Локалната ветуваат дека ова лето ќе воведат уште позасилени контроли за справување со прекумерната бучавост. Но проблем е што има само двајца инспектори за заштита на животна средина кои не се доволно за да ги исконтролираат сите објекти во градов. Па по се изгледа и ова лето граѓаните ќе останат без сон во овие жешки летни месеци.

{loadposition content9}