Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа
Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски минатиот викенд се сретна со жителите на овие населени места.
Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа. Во текот на минатиот викенд во населените места Велмеј и Лешани.
Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Со овие проекти претходно беше аплицирано во Светска Банка, од чија страна истите беа прифатени и се во крајна фаза на одобрување-информираат од локалната во Дебрца. Жителите недвосмилено ја поддржаа иницијативата за изградба на фекалната канализациона мрежа. Фекалната канализациона мрежа во с.Велмеј ќе биде со должина од 9 354 метри, а фекалната канализациона мрежа во с.Лешани со должина од 5 343 метри. За двете канализациони мрежи предвидена е заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле, проектирана така да ги задоволува потребите на двете мрежи. Вкупната инвестициона вредност на проектите изнесува 35 милиони денари, или пооделно за канализациона мрежа во с.Велмеј изнесува 19 милиони додека за канализационата мрежа во с.Лешани 12 милиони денари, како и пречистителната станица во с.Грко Поле која има инвестициона вредност од 3 милиони денари.