Skip to main content

Светот наскоро добива една минута која ќе трае 61 секунда

Последната минута од овој месец ќе трае подолго од вообичаеното

 |  инфодеск  | 

Во 23.59 на 30 јуни по координирано светско време (UTC) светот ќе доживее момент во кој минутата ќе трае 61 секунда, пишува News.com.au.

Таканаречената “престапна секунда” ќе се додаде на часовниците за да се ускладат со земјината ротација. Многу се оние помеѓу 7,25 милијарди жители на Земјата кои во тој момент нема да се свесни за промената, но за експертите се работи за голем момент.

Сепак, постои спор дали таа секунда е навистина важна или би требало да биде отпишана. Последната модификација на 30 јуни 2012 година беше деструктивна за многу даватели на услуги на интернет.

Од 1971 година додатната секунда е додавана во 25 наврати. Daniel Gambis од Меѓунароната референтна служба за вртење на Земјата, која е задолжена за издавање соопштенија кога треба да се додаде секунда, ја брани промената.

Кога би се отфрлила, вели Gambis, во 2000 години би се направила разлика од еден час помеѓу UTC времето и времето кое е потребно Земјата да направи полн круг. “Тоа би значело, на скалата по неколку десетици илјади години луѓето да појадуваат во два часот наутро”, заклучил тој.