Нападите на исламистичките екстремисти би можеле да случат веќе на 28 јули, предупредуваат експерти за безбедност, а се проценува дека илјадници екстремисти се веќе активирани во Босна и Херцеговина.
Неодамна на некои исламски web страници се појави снимка со наслов “Исламска држава на Балканот”. Тоа било сигнал за пет илјади потенцијални терористи, колку што ги има во моментов во Босна и Херцеговина, да се “разбудат”, да ги трујат изворите со вода за пиење, да рушат згради, да напаѓаат обезбедени објекти, пишува Nezavisne novine.
“Таа тактика на терористите на Исламска држава веќе е видена во нападите на полициските станици во Зворник и Бугојно, амбасадата на САД во Сараево или настанот кога експлодира автомобил бомба во Мостар, потсетува членот на стручниот тим за борба против тероризмот во југоисточна Европа, Џевад Галијашевиќ.
Сериозни терористички закани исламистите праќаат овие денови и во Србија. Неодамна низ оградата на српската амбасада во Дамаск, тие уфрлиле заканувачка порака да го напуштат објектот или ќе бидат убиени.
Аналитичарите тврдат дека терористите во следните пет години во својот поход на Балканот планираат да ја окупираат Србија. Се верува дека заканите кон Србија потекнуваат од злогласната “Балканска бригада” која собира војска воглавно од овие простори.
Таа бригада одамна војува под знамето на Исламската држава на подрачјето на Сирија и Ирак и позната е по невидените ѕверста. Командант на бригадата е со потекло од Косово, а неговиот заменик е од средна Србија.
Пред неколку години официјални лица од разузнувачката безбедносна агенција на Босна и Херцеговина јавно говореа дека во БиХ има повеќе од три илјади исламски екстремисти кои се спремни за разни терористички акции. Меѓутоа, со основањето на Исламската држава, бројот на исламски војници во БиХ се зголемува секојдневно.
“Спрема нашите проценки, сега имаме повеќе од сто илјади припадници на вехабиското движење. Од тоа барем пет илјади се веќе спрени за света војна”, вели Галијашевиќ.