Skip to main content

Банкнотата од десет американски долари ќе ја краси женско лице

Прв пат по сто години една жена ќе се најде на банкнота од 10 американски долари

 |  инфодеск  | 

Прв пат во сто години една жена ќе се најде на банкнотата од 10 американски долари која ќе биде пуштена во промет во 2020 година, објавија властите на САД.

Идентитетот на личноста која ќе ја краси банкнотата ќе се открие во текот на оваа година по консултацијата со јавноста, изјавил американскиот министер за финансии Jacob Lew.

Не најавувајќи на кого ќе му припадне конечниот избор, Lew рекол дека тоа “мора да биде жена која работела на унапредување на демократијата”.

Претходна жена на која и било укажано чест да се најде на зелената банкнота била Martha Washington, сопругата на првиот американски претседател George Washington, кон крајот на 19 век. Нешто подоцна во минатото, Индијанката Pocahontas чии авантури се прикажани во анимираниот филм на Disney, се појавила на банкнотите од 20 долари неколку години во средината на 19 век, истакнало министерството за финансии.

“Американската валута е средство на кое нашата нација говори за тоа кои сме и што сме и за што се залагаме”, изјавил Lew , додавајќи дека новата банкнота ќе биде пуштена во промет по повод 100 годишнината од правото на глас на жената во САД.