Непријатна миризба се шири од Р.Е. Механизација, Охрид
Старата практика, времено депонирање отпад на несоодветно место и годинава присутна. Непријатната миризба која се шири од просторот каде што е возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“ во населбата Расадник, неподнослива за жителите од овој дел на градот.
Секое утро и пладне на просторот кај Р.Е „Механизација“ од ЈП „Охридски Комуналец“ се одлагаат огромни количини отпад на отворен простор, реагираат жителите од населба Расадник. Додаваат дека посебно топлото време придонесува непријатната миризба од ѓубриштето да се чуствува и внатре во нивните домови. Одговор побаравме од првиот човек на ЈП, Елена Скрческа. Во кратка телефонска порака ни кажа дека одговор на прашањето околу депонирањето отпад во РЕ механизација ќе добиеме за ден два, најпрво да ја исчистеле депонијата кај Мауцкер.
Проблемот се провлекува неколку години, вели Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“. Тој нагласи дека како ЕД реагирале не само до директорката на ЈП туку и до инспекциските служби.
„Сме реагирале повеќе пати за овој проблем, со цврстиот отпад, односно со претоварувањето на овој отпад кој навистина претставува проблем бидејќи се шири непријатна миризба во околината. Сметам дека главното решение за овој проблем е реализирање на оние цели што беа зацртани во планот за управување со општина Охрид, кои се однесува на иградба на градска компостарница т.е треба да се изгради механизам за одвојување на органската фракција на отпадот и со тоа нема да имаме вакви проблеми“ – вели Зороски
Зороски категоричен дека во случај кога треба да се врши претовар, потребно е да постојат одредени услови. Според него треба да има заштитна површина, метална или бетонска и отпадот не треба да биде изложен на атмосферски влијанија, односно треба да биде покриен, во контејнер или во затворен простор, за да не се шири непријатна миризба, и да не се исцедува, бидејќи така, отпадните материи завршуваат во подземните води.
Проблемот со привременото одлагање на отпад познат им е и на општинскиот инспекторат за животна средина. Од таму не информираа дека само пред една недела ЈП Охридски Комуналец било опоменато отпадот да го носи директно на депонијата во Буково и покрај тоа што сметаат дека и таму отпадот се одлага на начин кој не е по европски стандарди. Но тоа бил стратешки проблем не само на Охрид, туку и на целата земја во доменот на животната средина, додаваат од инспекторатот.
{loadposition content9}