Официјално е достапна опцијата за поништување испратен e-mail
Опцијата на повлекување на e-mail откако е испратен е официјално достапна за сите
На сите им се случило електронската пошта која сме ја испратиле да не била наменета за тој што сме ја пратиле или уште полошо содржината на пораката да не е соодветна за тој што ќе ја прими, но Google воведе алатка со која ќе се избегнат непријатности.
Причините за кои се сака повлекување на пораката воопшто и не се важни туку е важно дека оваа опција постои и станува интегрален дел од Gmail, еден од најпопуларните сервиси за електронска пошта во светот. Иако веќе шест години постои опцијата “undo send” (не за сите корисници) сепак таа сега станува и официјално достапна за сите корисници на Gmail.
Сите корисници на Gmail кои сакаат да ја користат оваа опција на поништување на испратен mail ќе мораат рачно да ја вклучат, а тоа се прави едноставно и лесно. Доволно е да појдете во поставки (setting) и да се чекира опцијата “undo send”, а потоа да се сочува (save) таа поставеност.
Сепак, треба да обрнете внимание се интервалите кои ги нуди Gmail за откажување, а можно е да се постават на 5, 10, 20 или 30 секунди како конечен рок за откажување на праќањето на пораката. Горната граница е половина минута што е сосем доволно во случаите кога тоа е потребно.


