Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веќе некое време одбива да го потпише новиот договор со клубот, сметајќи дека заслужува поголеми примања од 4,5 милиони евра колку што заработува спрема актуелниот договор кој важи до летото 2017 година.
Со чувството дека не го ценат доволно во клубот, Рамос, пишува Guardian, од претседателот Флорентино Перес барал трансфер откако овој одбил да му даде 10 милиони евра по сезона.
Целата ситуација ја следи Манчестер Јунајтед чиј менаџер веќе реагирал и понудил 30 милиони фунти (42 милиони евра). Треба допрва да се види како ќе се развива целата приказна, но со оглед дека незадоволството тлее во Рамос, лесно е можно Реал и Јунајтед да се најдат и да склучат еден од потенцијалните најбомбастични трансфери ова лето.