Skip to main content

Струга одмината од епидемијата „заушки“

Во изминатиов период регистрирани се само два случаи заразени од оваа болест.

 |  Билјана Колоска  | 
vakcina
вакцина
Од појавата на оваа заразна болест во Македонија,  во општината се регистирани само два случаи на заболени од заушки. Истите се на возраст над 20-години. Минималниот број,  се должи на брзата интервенција и координираност на оделението за превенција, вели директорот на „Здравствен Дом“- Струга. За само 10 работни дена на струшкото подачје се вакцинирани  вкупно 1 600 пациенти.

„Ако вакцинирањето продолжи со исто темпо и учениците дојдат да примаат вакцина тогаш ние би требало да финишираме со вакцинирањето  со истите до крајот на оваа недела“-вели Вера Попоска, директор  на „Здравствен дом“ во Струга.

vakcinacijaВакцината против епидемијата  заушки ја примат претежно младите на возраст до 20-години. Во Струга одзивот е голем. Во спротивно, доколку поканетите не дојдат да ја примаат вакцината, тимот од одделението за превенција превзема различни активности за младите навреме да се заштитат од потенцијалната заразна епидемија.

Попоска кажува дека екипите дури одат лично да ги поканат одредени пациенти кои не се појавиле по пратената покана.

Таа е уверена дека бројот на заболени од епидемијата Заушки во наредниот период нема да се зголеми. Апелира до уцениците, сите оние кои не дошле да ја примаат вакцината против заушки а биле поканети, сами да се пријават за да го сторат тоа.

 

{loadposition content9}