Сите погледи сега се свртени кон шефицата на ММФ Кристин Лагард и дали таа ќе прогласи банкрот или ќе и даде последна шанса и продолжен рок од еден месец на Грција?
Грција е првата индустриска држава која има заостанат долг кај Меѓунaродниот монетарен фонд. Од седиштето на ММФ се вели дека Атина ќе може да добие натамошни средства од оваа институција откако ќе ја плати заостaнатата рата. Освен тоа, ММФ потвrди и дека Грција до последната минута молела за одлагање на плаќањето на долгот. Околу ваквото барање Фондот ќе се советува кога за „тоа ќе дојде време“, се вели во Вашингтон.
На полноќ истече и програмата за помош од европските партнери на Грција. Со оглед на тоа што владата во Атина не можеше да постигне договор со меѓународните кредитори околу реформските чекори и мерките за штедење поврзани со програмата, се предвидува дека државата сега ќе се соочува со се повеќе проблеми. Протокот на капитал е веќе силно ограничен, а освен тоа, недостигаат ветените милијарди за исплата на плати и камати.
Според информациите во медиумите, грчката влада и министерот за финансии Јанис Варуфакис до последен момент се бореле за договор заснован на предтходните предлози на европските кредитори, обврзувајќи се да прифатат и строги услови само да се дојде до договор пред полноќ односно рокот кога на ММФ требаше да и се плати новата рата од долгот.
Новите предлози на Атина за решение на конфликтот во последна минута во Брисел пристигнале предоцна. Сепак, преговорите ќе продолжат и во наредните денови. Од европски преговарачки кругови се нагласува дека Атина е под одредени услови подготвена да го откаже референдумот предвиден за в недела. Денеска мниистрите за финансии на еврозоната преку телефонска конференција ќе разговараат за предлогот кој Атина го достави непосредно пред истекот на рокот.