Skip to main content

Македонија должи 6,1 милијарди евра кон странство

Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 68,68%

 |  инфодеск  | 

Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки…) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка.
Во споредба со салдото на крајот од 2014 та година, надворешниот долг се зголемил за 230,8 милиони евра.
Ако се анализира стуруктурата, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, а зад нив се банките и Народната банка.
Според податоците на НБМ, на крајот од првото тромесечје Јавниот долг изнесувал 3 милијарди евра и во однос на крајот од ланската година се зголемил за 178 милиони евра.
Според податоците на Министерството за финансии пак, Јавниот долг изнесува 3,9 милијарди евра или на крајот од првиот квартал од годинава тој изнесувал 43,6%, што по ланската година ( кога долгот изнесуваше 46% од БДП), претставува едно од највисоките нивоа на задолженост измерени во последните 11 години.