Skip to main content

Слаб интересот кај полуматурантите за угостителската струка, гимназијата скоро со исполнети капацитети

На крајот од првиот уписен рок скоро целосно се исполнети слободните места во охридската гимназија, додека друга крајност е пак средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ каде иако бројките не се ни блиску до исполнување на капацитетите, сепак има подобрувања во споредба со ланскиот уписен рок.

 |  Мишел Наумоски  | 
upisi

Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место.

emuc upisi„Како училиште, општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“ можам да истакнам дека сме задоволни од овој прв уписен рок кој се реализира во овој месец јуни. Вкупната бројка на запишани ученици е 144 и горе-долу се поклопува со ланската бројка на новозапишани средншколци во нашето училиште. Тука би додал дека оваа година имаме квалитет во овој нов број на запишани ученици, особено за образовниот профил компјутерска техника и автоматика каде најголемиот дел од учениците се со одличен или многу добар успех од основното образование.“-вели директорот Цаноски.

ugostitelsko upisiВо ова средно училиште има уште 170 слободни места за кои директорот Цаноски изрази надеж дека ќе бидат максимално исполнети. Задоволни од зголемувањето, но не и од бројот на запишани ученици се во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Ова стручно училиште веќе неколку години при уписите се соочува со слаб интерес кај полуматурантите. Годинава иако не ги остваруваат очекуваните резултати, сепак директорката Весела Темјаноска изрази задоволство од фактот дека имаат одредено зголемување во однос на ланскиот уписен рок. Што се однесува пак до новооформените спортски паралелки во фудбал, кошарка и ракомет, таа рече дека истите се веќе оформени, односно учениците се веќе избрани.

Во гимназијата пак во моментот има најмалку слободни места. При објавувањето на огласот за првиот уписен рок, предвидени биле 272 места односно 8 гимназиски паралелки.

ekonomsko upisi„Во првиот уписен рок беа пријавени 226 апликанти од кои што условите ги исполнуваа 198. За вториот уписен рок останаа 74 слободни места. Со вториот уписен рок останаа уште 63 слободни места при ОСУ „Св.Климент Охридски“-Охрид, гимназиско образование.“-рече Звонко Трпески, директор на ОСУ „Св.Климент Охридски“

Во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ пак засега е формирана само едната медицинска паралелка со 34 ученици за која се бараа по 70 поени за упис на истата . Во четирите паралелки од економско-правната и трговска струка пак засега има 43 примени ученици со што остануваат слободни уште 93 слободни места. Вториот уписен рок за оние ученици кои не успеале да се запишат на посакуваните насоки ќе биде на 21 август.