Се чека ваљак од Битола за да се санира прекопот кај Подмоље
Голема дупка на стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Возачите се револтирани и велат дека ги испокршиле своите возила, бидејќи патот вака ископан стои речиси неколку месеци. Тие апелираат до надлежните час поскоро да се погрижат за санација на оваа дупка за да не се случи поголема катастрофа.
Дел од стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље, стои ископан речиси пет месеци. До ден денес од струшката секција на Македонија Пат оваа дупка ја немаат санирано, за што најмногу се револтирани возачите и такси превозниците кои овој патен правец го поминуваат дури и по неколку пати во денот.
„Оваа дупка е катастрофална, слободно може да видите дека пред една недела сменав амортизер во вредност од 40 евра, точно заради оваа дупка, тоа мене никој не ми го плаќа, јас често пати на работа патувам Охрид – Струга. Навистина е страмота сега доаѓаат туристи и се чудат, ова не е дупка ова е канал, гледате и сами не дај Боже некој да земи залет ќе настрада, знаците не ги гледаме од тревата што не е косена, погледнете. Ги искршивме колите, ископаа овде пред некој месец и така ја оставија оваа дупка, ги туривме колите и потоа не биле технички исправни, мора тоа да се среди што побрзо тоа подобро и за нас возачите и за туристичката сезона не е еден ден ова денови се во прашање“ – велат граѓаните.
Раководителот на Македонија Пат задолжен за секцијата Струга, Светозар Колоски, со оправдување дека немаат механизација која може да ги санира ваквите дупки. Тој нагласи дека идната недела од Битола очекуваат да дојде поголем ваљак, бидејќи само со една таква машина можеле да се санираат ваквите ископини на патот. Како и да е останува возачите да бидат посебно внимателни на овој дел од патот со цел да не се предизвикаат и сообраќајни незгоди, апелираат од струшката секција.
{loadposition content9}